Најмалку седум лица се повредени во пукање во центарот на Чикаго, соопшти денеска полицијата.
Полицајците ноќеска патролирале кога забележале група луѓе на тротоарот во близина на театарот „Чикаго“, се наведува во соопштението на Полициската управа на Чикаго, пренесува „Еј-би-си“.
„Полицајците слушнале пукање, а голема група луѓе почнала да бега од местот на настанот“, наведоа властите.
Полицајците веднаш реагирале и откриле седум лица застрелани со куршуми. Сите повредени веднаш биле згрижени во локалната болница, наведе полицијата.
Пукањето се случило за време на церемонија на вклучување на светилките на божиќна елка, пренесува „Си-би-ес“.
Полицијата наведе дека шест лица се во добра состојба, додека едно е во задоволувачка состојба. Засега никој не е притворен, а детективите ги истражуваат околностите кои довеле до инцидентот.
ИЗДВОЕНИ

Поскапо гориво, поскап пат до работа, а работникот плаќа од свој џеб

Со е-фактура, УЈП ќе има увид во секоја трансакција во реално време

„Трошоците се исти за сите“, пензионерите бараат еднаков износ на зголемување

ЧЕТИРИКРАТНАТА олимпска шампионка, Кинезинката Џанг Јунинг, во посета на земјава: Македонија има пинг-понг таленти, но за светската сцена е потребна стратегија








