Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека Израл не го прифатил најновиот план за Појасот Газа, иако добил гаранција дека израелската војска нема да се повлече пред целосно разоружување на „Хамас“.
Планот што го претстави администрацијата на актуелниот американски претседател Доналд Трамп се однесува на втората фаза од мировниот процес. Предвидува разоружување на „Хамас“ и целосно повлекување на израелските сили од Појасот Газа, но двете страни и понатаму не се согласуваат во врска со редоследот на тие чекори.
„Хамас“ повторно објави дека го прифаќа планот, додека Нетанјаху тврди дека Израел тукушто ѝ ги испратил на американската страна своите забелешки.
„Тимот на Трамп ни го испрати нацртот што не го прифатиме. Тоа не е нашиот нацрт. Им ги пренесовме нашите забелешки“, рече Нетанјаху во видео снимка објавена на социјалните мрежи.
По израелските приговори до Одборот за мир што го основа Трамп, му гарантира на Нетанјаху дека израелската војска нема да се повлече од Газа пред целосно разоружување на „Хамас“.
Израелската влада, особено нејзините крајно десничарски членови, се протива на можноста повлекувањето да почне истовремено со предавањето на оружјето. Нетанјаху инсистира „Хамас“ прво да го предаде целосно оружјето, додека планот предвидува постапни и взаемни чекори.
Трамп го нарече Нетанјаху еден од најголемите пријатели што ги имале Ираел во Белата куќа, но порачка дека околу сигурноста на земјата нема да се повлекува.
„Опстанокот на Израел не е предмет на преговори“, рече тој.
„Хамас“ се согласува на разоружување под услов тоа да се одвива паралелно со иразелското повлекување. Изарел го одвива таквиот редослед и бара прво „Хамас“ целосно да го предаде оружјето.
Мировниот план на Трамп веќе со месеци наидува на препреки. Разоружувањето на „Хамас“, формирањето на нова палестинска управа, распоредувањето на меѓународите сили и израелското повлекување засега не се проверени.
Одборот за мир предложи постепено разоружување на „Хамас“ и взаемно повлекување на израелските сили, но ниту една од страните не верува дека другата ќе ги исполни своите обврски.
Состанокот на израелскиот сигурносен кабинет, кој требаше да се одржи во вторник, израелските медиуми наведуваат дека е одложен за во четврток.












