недела, ноември 29, 2026
Дома СКОПСКА Градинката „Мајски цвет“ и училиштата „Владо Тасевски“ и „Лазо Трповски“ во Карпош...

Градинката „Мајски цвет“ и училиштата „Владо Тасевски“ и „Лазо Трповски“ во Карпош со мурали, се бараат идеи за нови

0

Доволни се еден празен ѕид, неколку бои и добра идеја за просторот околу нас да добие сосема нова димензија. Уметност што излегува од галериите и станува дел од секојдневието – платна на отворено кои зборуваат, инспирираат и оставаат впечаток.

Во Општина Карпош, графитите и муралите внесуваат нова енергија во урбаното живеење, претворајќи ги обичните површини во мали уметнички приказни.

Шаренилото од бои веќе го разубавува просторот на Факултетот за драмски уметности (ФДУ). Своја колоритна приказна доби и ѕидот на градинката „Мајски цвет“ во Карпош 4 – простор исполнет со детска радост, фантазија и насмевки.

Силна порака испраќа и муралот на ѕидот на ООУ „Владо Тасевски“, изработен во рамки на програмата за младински активизам. Уметничката приказна продолжува и во ООУ „Лазо Трповски“, каде што влезниот простор пред училиштето доби нов изглед со препознатливи бои и уникатен визуелен идентитет.

-Муралите не се само насликани ѕидови. Тие носат порака, емоција и креативност. Го оживуваат јавниот простор, го разубавуваат секојдневието и нè потсетуваат дека убавината на еден град се крие и во малите детали. А Карпош има уште многу ѕидови кои можат да станат платна, многу неискажани приказни кои чекаат да бидат насликани и многу идеи кои допрва ќе се претворат во бои – соопштија од локалната самоуправа.

Од Општината Карпош велат дека шарената приказна продолжува и ги повикуваат карпошани да се кажат каде забележале интересни графити и мурали и на кои локации би сакале да видат ново уметничко дело.

При тоа апелираат, граѓаните да ги споделат омилените локации и предлози во коментарите.

-Можеби токму вашата идеја ќе стане инспирација за следната шарена приказна на Карпош. Повеќе бои, повеќе уметност, повеќе урбан дух – Карпош во нови бои – потенцираат општинските власти.

ИЗДВОЕНИ