среда, јуни 24, 2026
Дома СКОПСКА Ѓорѓиевски: Екипите и јавните претпријатија на терен по првомајските пикници – Скопје...

Ѓорѓиевски: Екипите и јавните претпријатија на терен по првомајските пикници – Скопје е наш дом, мора да остане чист и по празникот

257

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку објава на социјалните мрежи упати апел до граѓаните по повод првомајските празници, нагласувајќи дека по дружењата, пикниците и престојот во природа, заедничка обврска на сите е градот да остане чист и уреден.

Тој информира дека екипите на Град Скопје и јавните претпријатија се на терен и спроведуваат засилени активности за чистење на јавните површини и излетничките места.

Од Град Скопје посочуваат дека акциите за расчистување ќе продолжат и во наредниот период, со цел градот да се врати во уредена состојба по празничните денови.

„Скопје е наш заеднички дом, да го чуваме и по празниците“, порача Ѓорѓиевски.

ИЗДВОЕНИ