среда, јули 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Големи температурни разлики во наредните денови: Ноќите зимски, деновите пролетни!

Големи температурни разлики во наредните денови: Ноќите зимски, деновите пролетни!

100

Утре времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарјето повремено засилен ветер од северен правец, особено претпладне.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

До крајот на оваа и во почетокот на следната седмица нашето подрачје ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, освен во сабота кога ќе има зголемена облачност. Од петок по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

ИЗДВОЕНИ