петок, јуни 5, 2026
Дома БАЛКАН Голема експлозија на украински дрон кај нафтен терминал во Романија/ВИДЕО

Голема експлозија на украински дрон кај нафтен терминал во Романија/ВИДЕО

0
screenshot X

Во романското пристаниште Констанца во тек е тревога, поради експлозија на морски дрон. Властите го активираа планот „Црвена интервенција“, а според првичните информации, нема жртви, објавува романскиот портал Диги 24.

Диги 24 наведува дека дронот, веројатно од украинско потекло, бил во близина на нафтениот терминал.

Областа е изолирана од раните утрински часови, а полициски и истражи екипи се на лице место.

Објектот е забележан утрово околу 5:00 часот, во областа каде што се наоѓа седиштето на Романската агенција за спасување на човечки животи на море, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ