Седумнаесет лица се повредени во голем пожар што избувна во седумкатна зграда во населбата Нојкелн во Берлин рано утрово, соопшти противпожарната служба, објави „Дер Шпигел“.
Пожарот избувнал на приземјето од зградата, а станот каде што избувнал веќе бил целосно зафатен од пламен кога пристигнале службите за итни случаи.
Вкупно 27 лица биле спасени – девет по скали и 18 со пожарникарски скали.
Шеснаесет лица беа полесно повредени и им беше укажана лекарска помош на лице место, додека едно лице беше однесено во болница со сериозни повреди.
Пожарот сега е изгаснат, но сите жители на зградата се евакуирани.
На местото на настанот беа околу стотина припадници на службите за итни случаи, а во еден момент беше прогласен „инцидент со масовни жртви“.












