Тод Вудбриџ, познатиот играч во двојки, смета дека сè уште не е време најдобриот тенисер на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ, да ја заврши кариерата. Според Вудбриџ, она што ќе го задржи српскиот тенисер во игра е намерата да се докаже пред помладите играчи.
– Новак сè уште игра за освојување грен-слемови, сака да го подобри својот рекорд, да ја направи својата предност уште поголема. Никој никогаш нема да го достигне. Она што најмногу ги мотивира големите асови како него е да имаат некој зад петиците. Прво беа Енди Мареј, Роже Федерер и Рафаел Надал, а сега Карлос Алкараз и Јаник Синер и мислам дека сака да им докаже дека сè уште не е подготвен за крај – изјави Вудбриџ за „Тајмс оф Индија“.
Тој зборуваше и за фаворитите на Австралија опен, кој започнува на 12 јануари.
– Тој е еден од фаворитите за освојување на Австралија опен. Можеби, ќе дојде со помалку шанси од вообичаено, бидејќи во 2024 година не се снајде најдобро на грен-слемовите, но беше во финалето на Вимблдон, ја освои Олимпијадата… Тој сè уште тропа на вратата, подготвен е и мотивиран. Мислам дека Новак има уште две години да игра, особено ако игра добро во Мелбурн.