Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Кремљ го видел отвореното писмо од украинскиот претседател Володимир Зеленски до рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека Зеленски може да дојде во Москва во секое време ако сака да се сретне со Путин.
„Имав прилика да го прочитам писмото. Претседателот Путин рече дека ако Зеленски сака да разговара, може да дојде во Москва и да го стори тоа“, рече Песков, според ТАСС.
Сепак, Зеленски во четвртокот во отворено писмо до рускиот лидер Владимир Путин рече дека не е подготвен да патува во Русија на преговори.
-Предлагам средба со вас. Сите ги слушнаа вашите претставници како се смеат и велат дека можам да дојдам во Москва. Но, украинскиот лидер нема што да прави во вашиот главен град, исто како што рускиот лидер нема што да прави во Киев, напиша Зеленски во порака на својата веб-страница, додавајќи дека е подготвен да одржи состанок во трета земја, објавува „Известија“.
Во својата порака, Зеленски предложи рускиот претседател да одреди јасен датум за состанокот, истакнувајќи дека земји како Швајцарија, Турција и арапскиот свет би можеле да послужат како места за состанок.
Украинскиот претседател синоќа испрати отворено писмо до Путин, велејќи дека Украина е подготвена за крај на војната и директни преговори на ниво на лидери.
„Изборот е ваш“, му пиша Зеленски на Путин: „Украина предлага крај на војната“












