Детскиот културен центар „Карпош“ традиционално и оваа година, на 13 ноември 2026 година, од 10:00 часот, ќе го слави празникот 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, со манифестацијата „Го градам мојот град“, на која учествуваат децата од предучилишните установи од Скопје.
Манифестацијата „Го градам мојот град“, која ќе се одржи во просториите на ДКЦ „Карпош“, има цел да ги истакне детските творечки способности и детската креативност, а воедно, и поопширно да ги запознае децата со денот 13 Ноември и со неговото значење.
– На овој ден, децата од скопските градинки, по свој избор, од различни природни и од други материјали, ќе прават објект макета на некое значајно обележје на Скопје. Токму затоа постои манифестацијата „Го градам мојот град“, која ги поттикнува најмладите да го сакаат и да го чуваат својот град – соопштија од ДКЦ „Карпош“.












