Германија е „ветена земја“ за многу странски работници. Платите и животниот стандард се повисоки таму. Но, кои работни места носат највисоки плати кога станува збор за оваа земја?
Специјализираниот портал Kununu состави листа на најдобро платени работни места во Германија во 2025 година, а на врвот се ревизорите со просечна годишна плата од 89.300 евра.
Пилотите имаат просечна годишна плата од 86.800 евра. По нив следат медицинските советници со просек од 86.800 евра годишно.
На листата на најдобро платени работни места се и лекарите со годишна плата од 86.600 евра, а потоа следуваат софтверските архитекти со годишна плата од 84.600 евра.
Меѓу десетте најплатени занимања се наоѓаат водител на програма (83.800 евра), правен советник (81.600 евра), професори (81.500 евра), менаџер на портфолио (81.300 евра) и адвокати (80.300 евра).