петок, јуни 5, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Фицо: Заштитата на енергетските интереси е клучна цел за соработката со Будимпешта

Фицо: Заштитата на енергетските интереси е клучна цел за соработката со Будимпешта

108
epa12474931 Slovakia's Prime Minister Robert Fico before the start of the Euro Summit in Brussels, Belgium, 23 October 2025. EU leaders convene in Brussels to discuss the situation Ukraine, European defence, developments in the Middle East, competitiveness, housing and migration. EPA/OLIVIER HOSLET
Премиерот на Словачка Роберт Фицо му честиташе на претседателот на опозициската партија „Тиса“ на Петер Маѓар и му се заблагодари на унгарскиоТ премиер во заминување Виктор Орбан на досегашната соработка, пренесува „Сана“.

 

Фицо порача дека Словачка е подготвена за интензивка соработка со новата унгарска влада, истакнувајќи и дека заедничкото дејствување во заштита на енегетските интереси останува една од клучните цели за соработка на двете земји.

„Заинтересирани сме за пријателски и взаедно корисни односи со Унгарија и за статус на националното малинство над стандардите. Словачката Влада сака заедничко дејствување со Унгарија во заштита на енергетските интереси“, наведе Фицо.

Тој додаде дека верува дека и понатаму постои еминентен интерес на Словачка и на Унгарија, но во цела Централна Европа за обновување на работата на нафтоводот „Дружба“.

Фицо му се заблагодари на Орбан на годините одлична соработка.

„Во атмосфера на меѓусебна почит, вложивме огромна енергија во висококвалитетни словачко-унгарски однсои, кои никогаш не биле на толку високо ниво како во овој период“, напиша Фицо на „Фејсбук“.

Опозициската партија „Тиса“ освои вкупно 138 од 199 места во унгарската Народното собрание на вчерашните паралментарни избори, додека партијата „Фидес“ на премиерот Орбан освои 55 места.

 

ИЗДВОЕНИ