Обвинувањата за шпионажа ги изнесе група медиуми, меѓу кои се и унгарската истражувачка новинска група „Директ 36“ и германски „Шпигел“.
„Комисијата ги зема предвид сите денешни извештаи според кои унгарска разузнавачка служба спроведувала шпионски операции против Европската унија и членовите на нејзиниот персонал.
Тој додаде дека за целта на истражувањето на тие наоди ќе биде основана посебна, интерна работна група.
Портпаролот на постојаното претставништво на Унгариај при ЕУ во Брисел не ја коментираше ситуацијата, туку ја упати на агенцијата „Ројтерс“ на изјавата на шефот на дипломатијата Петер Сијарто за унгарскиот портал „Индекс“.
Сијарто за „Индекс“ изјави дека немал сознанија за случајот што го откри „Директ 36“ и дека, според него, нема основи за тоа тврдење.