петок, август 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа на Плетвар/ВИДЕО

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа на Плетвар/ВИДЕО

291

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа на Плетвар кога се преврте камион со битолски регистeрски ознаки.

Несреќата се случила околу 18 часот на патот Прилеп-Градско кај селото Ореовец, поради што сообраќајот бил целосно прекинат, а се создала колона од возила долга околу 20 километри.

Прекинот, како што информираше претходно „Македонија пат“, е поради превртено товарно моторно возило и истурен песок на коловозот, што го оневозможува одвивањето на сообраќајот.

Неофицијално, загинал возачот на камионот-кипер кој превезувал песок, кој од засега непознати причини се излизгал на патот и се превртел.

ИЗДВОЕНИ