Потребни состојки:
- две шолји овошје по желба – јагоди, малини, боровинки, манго
- 1 замрзната банана, претходно исечкана на тркалца
- сок од 1/2 лимон
- по желба: неколку свежи ливчиња мента
Приготвување:
Сите состојки се ставаат во блендер или процесор за храна.
Се бленидраат 30-60 секунди додека да се добие мазна, креместа стурктура.
По треба можете да додадете 1-2 лажици вода или растително млеко за полесно блендирање.
Послужете го веднаш или ставете го во замрзнувач на 15 минути за поцврста структура.
Украсете со свежо овошје и ливчиња мента.