Македонија ќе има само еден претставник во Европската лига, во новата сезона, тимот на Еурофарм Пелистер. Биточани ќе за  ждрепката на 17 јули ќе бидат сместени во првиот шешир, што значи дека ќе бидат меѓу носителите во извлекувањето на групите. ГРК Охрид, пак иако бараше „вајлд-карта“ да игра во второто по ранг натпреварување на ЕХФ, истата не ја доби.

Покрај Еурофарм Пелистер, во првиот шешир се наоѓаат и Фленсбург, Нексе, Татабања, Савехоф, Извиѓач, Бенфика и Бидасоа Ирун, што значи дека македонскиот шампион ќе ги избегне овие силни ривали во групната фаза. Во групната фаза ќе бидат формирани осум групи со по четири екипи. Првопласираните и второпласираните тимови ќе обезбедат место во елиминациската фаза, а првото коло е предвидено за 29 и 30 септември.

Прв шешир: Фленсбург, Нексе, Татабања, Савехоф, Извиѓач, Еурофарм Пелистер, Бенфика, Бидасоа Ирун.

Втор шешир: Валур, Шафхаузен, Елверум, Лимож, Карвина, Гранољерс, Татран Прешов, Гумерсбах.

Трет шешир: Сесвете, Хафнарфјордур, Бузау, Сен Рафаел, Слован, Шамбери, Торелавега, Ла Риоха.

Четврти шешир: ЦСМ Букурешт, Маритимо, Агуаш Сантас, Морс, Бергишер, Холстебро, Гдањск, Хамарби.

ИЗДВОЕНИ