понеделник, август 10, 2026
Дома СВЕТ Два удари за помалку од 24 часа: Уништен магацин на СЗО со...

Два удари за помалку од 24 часа: Уништен магацин на СЗО со лекови за украинскиот фронт

55
EPA/MAXYM MARUSENKO

Хуманитарниот склад на Светската здравствена организација (СЗО) во Днепар, Украина, беше двапати погоден за помалку од 24 часа, соопшти СЗО.

„Складиштето содржеше итни медицински материјали за здравствените установи на првата линија. Сè беше уништено. Немаше пријавени жртви. Објектот првпат беше погоден на 3 август, по што СЗО го оцени како небезбеден и почна да ги преместува материјалите“, се вели во соопштението.

Во еден напад, се додава, беа уништени материјалите, а во вториот, целата зграда.

Вкупно, тимовите успеаја да преместат 130 од приближно 300 палети на друга локација пред објектот да биде уништен.

СЗО сè уште ја проценува вкупната штета. Пред нападот, складиштето содржеше материјали со проценета вредност од околу 500.000 американски долари.

„Овој складиште содржеше материјали наменети за одржување на виталните услуги на првата линија. Неговото уништување значи помалку лекови, помалку опрема и помал капацитет за лекување на болните и ранетите. Овие напади мора веднаш да престанат“, рече регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Анри П. Клуге.

ИЗДВОЕНИ