понеделник, август 10, 2026
Дома СВЕТ ЦЕЛОСЕН КЛИМАТСКИ КОЛАПС НА ПЛАНЕТАТА: Достигнати рекордни вредности

ЦЕЛОСЕН КЛИМАТСКИ КОЛАПС НА ПЛАНЕТАТА: Достигнати рекордни вредности

45

Морињата во светот ги достигнаа своите највисоки температури досега регистрирани за месец јули оваа година, потврдија научниците, наведувајќи дека просечната температура на површината на морето надвор од поларните региони го надминала претходниот рекорд поставен во 2023 година.

За време на разорниот топлотен бран што ја погоди Западна Европа, температурите на површината на морето достигнаа рекордни максимуми за јули на атлантскиот брег, во западниот Медитеран и другите европски мориња, откри службата за климатски промени „Коперникус“ на ЕУ, објави денес „Гардијан“.

Западна Европа го доживеа својот најжежок период од јуни до јули досега, при што екстремната топлина ги поттикна пожарите што опустошија големи делови од Медитеранот.

Првите два летни месеци од 2026 година беа за 2,79 степени Целзиусови потопли од нормалното за тој период од годината, соопшти „Коперникус“ во понеделник, потврдувајќи дека претходниот рекорд, поставен пред три години, е соборен.

Централна Европа страда од топлотен бран што предизвика пад на националните температурни рекорди во неколку земји, вклучувајќи ги Австрија и Словачка.

Ова е најновиот во низата жешки настани ова лето, кои ја исушија вегетацијата и дозволија пожари да избувнат низ цела Европа.

Саманта Бургес, климатски научник во Европскиот центар за среднорочни временски прогнози, рече дека ова лето е „јасен пример за климатски колапс што ги засилува екстремите што се надополнуваат едни со други“.

„Додека долготрајните системи со висок притисок ја заробија топлината над Западна Европа, екстремните температури ја влошија широко распространетата суша. Како што земјата се суши, ја губи својата способност да обезбеди природно ладење, дозволувајќи топлината полесно да се акумулира“, рече Саманта Бургес.

ИЗДВОЕНИ