сабота, октомври 10, 2026
Дома СВЕТ Драматични сцени по силниот земјотрес во Панама: Зградите се нишаа, луѓето панично...

Драматични сцени по силниот земјотрес во Панама: Зградите се нишаа, луѓето панично бегаа на улиците, оштетени цркви и хотели /видео

45
Фото:принтскрин, видео „Икс“

Најмалку 27 лица се повредени во Панама во петокот во силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, објавија денеска локалните медиуми.

Земјотресот се случи на околу 20 километри од Панама, со епицентар на длабочина од 10 километри.

Американскиот систем за предупредување од цунами објави дека постои можност за појава на разорни цунами долж крајбрежјата на Панама, Колумбија, Костарика, Еквадор, Перу, Никарагва, Гватемала, Ел Салвадор и Мексико во текот на следните три часа.

Исто така, постои мала можност за цунами во близина на Хаваи.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како луѓето во паника бегаат од зградите и излегуваат на улиците по силниот потрес.

Зградите се тресеа, а вознемирените жители се собраа на отворено очекувајќи информации за последиците од земјотресот, пренесува АП.

Земјотресот предизвика и прекин во јавните услуги. Во главниот град, привремено беше запрен сообраќајот на две линии на метрото, а неколку станици мораа да бидат евакуирани.

Министерството за образование ја прекина наставата низ целата земја до крајот на денот, додека локалните медиуми објавија дека меѓународниот аеродром е привремено затворен од безбедносни причини.

ИЗДВОЕНИ