На аеродромот во градот Монастир во Тунис, синоќа се случил инцидент во кој учествуваше државјанин на Србија, кој ѝ рекол на стјуардесата дека е терорист и дека кај себе има бомба.
Според пишувањето на медиумите во Србија, до оваа ситуација дошло за време на качувањето на чартер-летот што го организира авиокомпанијата Air Serbia.
На Инстаграм-профилот „moj_beo_grad“ беше објавена и снимка од аеродромот на која може да се види како се прегледува авионот по евакуацијата, која следувала откако државјанинот на соседната земја ѝ рекол на стјуардесата дека кај себе има бомба.
Медиумите во Србија наведуваат дека мажот бил под дејство на алкохол и дека станувало збор за „шега“, која надлежните служби ја сфатиле сериозно.
Пред самата евакуација на патниците и прегледот на авионот, овој државјанин на Србија бил уапсен. Летот, наместо во 19:50 часот, полетал пет минути по полноќ по локално време во Монастир.
View this post on Instagram












