петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Десетици пријави до 112 и 192 се слушаа на судењето за Стојанче

Десетици пријави до 112 и 192 се слушаа на судењето за Стојанче

683

Десетици пријави во рок од две години до полицијата имало за Стојанче Јовановски за семејно насилство. Пријавувала лично Ивана, соседите, нејзината мајка , неговата мајка.

Во судницата се слушаа и три аудио снимки од кобниот ден. Ивана го оставила телефонот вклучен, а полицискиот оператор слушал како Стојанче и се заканува дека ќе ја уништи и оти ќе и ја земе Катја.

На снимката се слуша и како ја удира, а таа му вели дека не го пријавила за дрога и ако сака ќе одат во П.С Пролет.

Последниот повик што се слушаше во судницата е тој од Стојанче, кога вика Брза помош – мајка со мало дете се фрлија од балкон.

На една од претходните снимки го пријавува лично мајка му за обид за убиство на неговата жена, а детето се слуша како плаче и потврдува дека тато ќе ја убие мама.

Судењето продолжува со видео снимката од пред судот каде Стојанче ја тепал Ивана.

Се слушна гласот на Ивана во судницата: Сакам да го пријавам сопругот за дрога

ИЗДВОЕНИ