Кошаркарите на Кливленд го победија Мемфис со 142:126, на гостински терен. И покрај тоа што домашниот тим го израмни рекордот во НБА со 29 тројки, сепак, претрпи убедлив пораз.

Кливленд стигна до својата 50. победа во сезоната, предводен од Еван Мобли со 24 поени и Денис Шредер со 22 поени и 11 асистенции. Оливие Максенс Проспер го предводеше Мемфис со 24 поени.

Резултати: Индијана – Минесота 104:124, Вашингтон – Чикаго 98:129, Бруклин – Милвоки 96:90, Торонто – Мајами 121:95, Бостон – Шарлот 113:102, Њу Орлеанс – Јута 156:137, Голден стејт – Сакраменто 110:105, ЛА Клиперс – Далас 116:103, ЛА Лејкерс – Оклахома 87:123, Феникс – Хјустон 105:119.

ИЗДВОЕНИ