На денешното рочиште во Кривичниот суд за Стојанче Јовановски, сооругот и татко на починатите Ивана и Катја, обвинителството презентира материјални докази, аудио снимки од телефонски пријави за семејно насилство на бројот 112.
Првите две пријави се од соседи. Анонимна жена пријавува вознемирување од станот до неа број 57 каде слуша бучава и галама, а мало дете плаче и вреска. Втората пријава е од сосед после полноќ, кој на операторот му вели дека кај него е жена од станот од спротива која вели дека сооругот ја тепал, а претходно во станот се слушала галама.
Потоа во судницата се слушна гласот на Ивана, која го пријавува сооругот дека и ја заклучил вратата од нејзиниот стан и внатре чува дрога. На два пати бара операторот да ја поврзе со полиција.
Десетици пријави до 112 и 192 се слушаа на судењето за Стојанче












