Почина легендарниот кошаркарски тренер, Душко Вујошевиќ. Веста за смртта на поранешниот тренер на Партизан, Црвена звезда, ЦСКА и на многу други ја потврдија српските медиуми.
Вујошевиќ имаше 67 години и со години имаше здравствени проблеми предизвикани од дијабетес. Во 2025 година му беше извршена трансплантација на бубрег во Белорусија. Во текот на март оваа година, тој беше примен во болница откако неговото здравје сериозно се влоши, поради проблеми со срцето и со белите дробови.
Беше познат по својата цврста дисциплина, големиот авторитет на и надвор од теренот, острите поглед и јазик, кои го правеа човек кого луѓето или го сакаа безусловно или не.
Најголем белег остави во Партизан, со него играше и фајналфор во Евролигата, во 2010 година. Неговиот последен тренерски ангажман беше во 2021 година, во Клуж, Романија.











