вторник, јули 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Четворица албански државјани приведени поради незаконски риболов во Преспанското Езеро

Четворица албански државјани приведени поради незаконски риболов во Преспанското Езеро

40

Четири лица од Албанија се приведени рано утринава поради незаконски риболов во водите на Преспанското Езеро, информира Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, околу 5 часот полициски службеници од Регионалниот центар Запад ги затекнале лицата при вршење риболов во период кога е на сила активна забрана за риболов.

При извршените проверки било утврдено дека четворицата албански државјани нелегално ја преминале државната граница.

На местото бил пронајден уловен крап со вкупна тежина од околу 60 килограми.

Од МВР соопштија дека по целосното документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ИЗДВОЕНИ