Средбата на украинскиот претседател Володимир Зеленски со српскиот претседател Александар Вучиќ предизвика бројни реакции во Приштина и на социјалните мрежи.
Особено внимание привлече ставот на Зеленски дека Украина не ја признава независноста на Косово, што предизвика остри реакции кај дел од албанската јавност.
На социјалните мрежи се појавија голем број негативни коментари насочени кон Украина и нејзиното раководство.
Некои корисници го критикуваа Киев поради односите со Белград, додека други повикаа Косово и Албанија да ја преиспитаат својата поддршка за Украина.
Темата предизвика реакции и во дел од приштинските медиуми, кои посветија значително внимание на изјавите на украинскиот претседател. Особено спорна беше изјавата дека Украина ја смета позицијата околу Косово како прашање на еднострано прогласена независност.
- Украинскиот претседател Зеленски потврди дека Украина нема да го признае Косово, нарекувајќи ја неговата независност „еднострано прогласување“ и велејќи дека го смета Косово за територија на Србија, за време на заедничката прес-конференција со српскиот претседател Вучиќ, кого го нарече пријател – се појави на страницата за вести kos_data со фотографија од српскиот претседател како топло го поздравува Зеленски.

Средбата со Вучиќ, како и фотографиите од нивната заедничка прес-конференција, дополнително ги засилија реакциите на социјалните мрежи.
Дел од коментарите содржеа и навредлива и заканувачка реторика кон Украина и Украинците.
- Кога молеа за возила отпорни на мини затоа што немаа апсолутно ништо, им испративме 22 сосема нови возила „MaxxPro“; кога немаа муниција за своите војници, Албанија беше една од првите земји што им испрати. Полјаците се во право – е*и го тој ѓубре, изгорете ја Украина.
- Косово и Албанија треба веднаш да престанат со секаква поддршка за Украина. Таа корумпирана земја не можеше да преживее ниту без европски пари и поддршка од НАТО. По ѓаволите да им е.
- Па зошто Косово ја поддржува Украина? Големо украинско знаме во Приштина. Запалете го.

Сепак, станува збор за ставови на поединци на социјалните мрежи и не треба да се генерализираат како став на целата албанска јавност.
Случајот повторно ги отвори чувствителните прашања околу односите меѓу Украина, Србија и Косово.











