сабота, јули 18, 2026
Дома БАЛКАН Брутално убиство во Белград, со секира убиен 92-годишник: Убиецот ја чекал полицијата...

Брутално убиство во Белград, со секира убиен 92-годишник: Убиецот ја чекал полицијата на местото на злосторството

774

Утрово во центарот на Белград беше убиен 92-годишен маж, а за злосторството е осомничен 26-годишен младич, кој, според српските медиуми, останал на местото на настанот по убиството и ја чекал полицијата.

Според Telegraf.rs, убиството се случило околу 7 часот наутро во куќа лоцирана зад старата зграда на БИП во Белград. Полицијата рано наутро добила пријава за злосторството и веднаш испратила патрола на местото на настанот.

Според неофицијалните информации што ги објавија српските медиуми, полицијата на адресата пронашла 26-годишен маж кој наводно го признал злосторството.

„Го убив со секира“, наводно им рекол на полицајците по нивното пристигнување.

Како што пишуваат српските медиуми, жртвата бил маж со оштетен вид кој беспомошно лежел во кревет во моментот на нападот, а младиот човек е осомничен дека го убил со удар со секира во главата, поточно во пределот на левото уво.

Убиецот и жртвата се во роднинска врска, со оглед на тоа што убиениот старец бил очув на таткото на уапсениот млад човек. Мотивот за ова брутално злосторство останува целосна мистерија бидејќи осомничениот цело време молчел.

Таткото на уапсениот млад човек, во шок, накратко изјави дека неговиот син се однесувал многу чудно во последните неколку дена, не претпоставувајќи дека ќе следи таква крвава трагедија.

ИЗДВОЕНИ