четврток, ноември 5, 2026
Дома БАЛКАН Брутално ги мачеле жртвите во гаражата на Владата – нови апсења на...

Брутално ги мачеле жртвите во гаражата на Владата – нови апсења на полициски функционери во Србија

1

Милан Вуковиќ (48), вршител на должноста директор на Специјалната притворска единица при Окружниот затвор во Белград, е уапсен во операција спроведена од Секторот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи на Србија. Во истата операција е приведен и Игор Жмириќ (47), командант на Специјалната антитерористичка единица (САЈ).

Според српскот портал „Телеграф“, Вуковиќ е еден од деветтемина полициски службеници на кои им е одредена мерка задржување во траење до 48 часа, по налог на Првото основно јавно обвинителство во Белград.

Тие се осомничени за кривично дело злоставување и мачење и ќе бидат изведени пред надлежното обвинителство на сослушување во законски предвидениот рок.

Според истрагата, осомничените го сториле делото во текот на ноќта меѓу 14 и 15 август 2025 година – во периодот помеѓу 22:30 и 01:00 часот – во гаражата на зградата на Владата на Србија, на улицата „Немањина“ во Белград.

Се наведува дека, во својство на припадници на Единицата за заштита на одредени личности и објекти (ЈЗО) при Министерството за внатрешни работи на Србија, тие употребиле сила и закани за да им нанесат тешка болка и силно страдање на повеќе лица.

Истрагата укажува на тоа дека насилството наводно било насочено кон изнудување информации, заплашување на жртвите и нивно подложување на незаконско казнување.

ИЗДВОЕНИ