Европската комисија (ЕК) ќе предложи покренување постапка за прекумерен дефицит против Бугарија откако ќе се утврди дека земјата не ги исполнува фискалните критериуми на Европската унија, потврди европскиот комесар за економија Валдис Домбровскис.
Зборувајќи по состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (ЕКОФИН) во Луксембург, Домбровскис изјави дека Комисијата ја проценила буџетската состојба на неколку земји-членки и заклучила дека Бугарија не ги исполнува пропишаните услови во врска со буџетскиот дефицит, објави денес порталот „Новините“.
Според правилата на ЕУ, постапка за прекумерен дефицит може да се покрене кога буџетскиот дефицит на земјата надминува три проценти од бруто домашниот производ, додека јавниот долг надминува 60 проценти од БДП.
Како дел од постапката, на земјата ѝ се поставува рок за спроведување мерки за враќање на дефицитот во дозволените граници.
Доколку земјата не ги почитува препораките, може да се воведат финансиски санкции.
Предлогот на Европската комисија сега треба да го разгледаат земјите-членки на ЕУ како дел од понатамошната постапка, пренесува „Танјуг“.











