понеделник, октомври 12, 2026
Дома СВЕТ „Би-би-си“ открива: Фалсификувани документи за избегнување данок на богатството на Роман Абрамович

„Би-би-си“ открива: Фалсификувани документи за избегнување данок на богатството на Роман Абрамович

0
Фото:кроп, википедија

Најголемата светска сметководствена фирма помогнала во фалсификување документи за да се скрие богатството на Роман Абрамович и да се избегне плаќање данок, откри „Би-би-си“ во својата емисија „Панорама“ (Panorama).

Финансиски извештаи… …активностите во кои била вклучена фирмата „Делојт“ (Deloitte) на Кипар довеле до тоа средства во вредност од 672 милиони долари – како што се луксузни јахти, вили и приватни авиони – да исчезнат од деловните книги на компаниите на Абрамович.

Исто така, се чини дека „Делојт“ давала совети за шема за избегнување огромна даночна обврска врз основа на богатството на Абрамович – шема што вклучувала фалсификување документи.

Адвокатот Ендрју Мичел, советник на кралот (King’s Counsel) и експерт за право во областа на финансиските услуги, изјави дека доказите собрани од „Би-би-си“ укажуваат на очигледно затајување данок и дека целиот случај бил „крајно дрзок“.

Правните застапници на Роман Абрамович изјавија дека тој негира оти затајувал данок или го криел своето богатство. Тие истакнаа дека емисијата „Панорама“ не понудила докази оти тој знаел за фалсификувањето на кој било документ, ниту пак дека го одобрил или наредил истото. Тие исто така нагласија дека потпирањето на стручни совети било легитимно.

Од „Делојт Кипар“ изјавија дека компанијата „работи во согласност со важечките закони“.

Овие сознанија беа објавени по заедничката истрага на емисијата „Панорама“ на „Би-би-си“ и Бирото за истражувачко новинарство (Bureau of Investigative Journalism).

Речиси две децении, Роман Абрамович беше најистакнатиот руски олигарх во Обединетото Кралство. Во 2003 година, тој го купи фудбалскиот клуб „Челзи“ од Лондон и го финансираше најуспешниот период во историјата на клубот.

ИЗДВОЕНИ