вторник, јули 14, 2026
Дома МАГАЗИН Балканците не можат без ова благо: Алва што се топи во уста,...

Балканците не можат без ова благо: Алва што се топи во уста, само три состојки до оној препознатлив полн вкус и специфична текстура

94

Алвата е традиционален десерт од ориентално потекло кој се подготвува со генерации на Балканот.

Иако е направена само од неколку состојки, нејзиниот богат вкус и специфична текстура ја прават омилен десерт со кафе или чај.

Главната состојка е таан, паста од сусам, која ѝ дава на оваа алва препознатлива арома и полн вкус.

Овој десерт е многу лесен за подготовка, а резултатот е мек и компактен десерт кој буквално се топи во устата.

Состојки:
-280 г шеќер

-100 мл вода

-340 г таан

Подготовка:
Истурете ја водата и шеќерот во мало тенџере, потоа загревајте на тивок оган додека шеќерот целосно не се раствори. Кога смесата ќе почне малку да врие, тргнете ја од шпоретот и оставете ја да се олади неколку минути.

Постепено мешајте го таанот во млакиот сируп. Мешајте додека не добиете густа и мазна смеса без грутки.

Префрлете ја подготвената маса во калап или сад обложен со хартија за печење и рамномерно распоредете ја.

По желба, можете да додадете ситно сечкани ф’стаци, бадеми или ореви за да добиете уште побогат вкус и поубава текстура.

Оставете ја алвата прво да се стегне на собна температура, а потоа префрлете ја во фрижидер неколку часа. Најдобро е да ја оставите да отстои преку ноќ за целосно да се стврдне.

Кога ќе се олади, извадете ја од калапот и исечете ја на помали коцки или плочки. Сервирајте со кафе или чај.

ИЗДВОЕНИ