петок, јули 3, 2026
Дома СВЕТ Аракчи: Иран нема да попушти пред закани

Аракчи: Иран нема да попушти пред закани

34
EPA/ERDEM SAHIN

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи денеска ги предупреди САД и Израел да не започнуваат нови воени операции против Иран, порачувајќи дека секој таков обид ќе заврши со „неуспех“.

Говорејќи на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на БРИКС во Њу Делхи, Аракчи изјави дека заканите кон Иран траат со години, но според него, не донеле резултати.

-Навикнати сме на тие закани. Тие долго време ги повторуваат своите закани во различни форми, но и самите знаат дека ништо не постигнале – рече Аракчи.

Шефот на иранската дипломатија нагласи дека според Техеран „не постои воено решение“ за прашањата поврзани со Иран и додаде дека земјата нема да попушти под притисок.

Тој оцени дека Иран и во претходните конфликти покажал отпор и излегол посилен.

Аракчи ги обвини и Обединетите Арапски Емирати дека во регионалните конфликти застанале на страната на Вашингтон, тврдејќи дека американските сили користеле бази во земјите од Персискиот Залив за операции против Иран.

Според него, безбедноста на регионот не треба да зависи од странски сили, туку од соработка меѓу соседните држави.

ИЗДВОЕНИ