понеделник, февруари 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Апелациониот суд во Штип утре ќе одлучува по жалбите за куќниот притвор...

Апелациониот суд во Штип утре ќе одлучува по жалбите за куќниот притвор на двајцата поранешни градоначалници на Кочани

101

Апелациониот суд во Штип утре ќе одлучува дали двајцата поранешни градоначалници на Кочани кои се под истрага за пожарот во дискотеката ќе се вратат во притвор. Николчо Илијевски и Ратко Димитровски од вчера се во домашен притвор откако судот во Кочани ги прифати нивните жалби за укинување на ефективниот притвор.

Според одлуката, судот им ги одзел и патните исправи, а добиле и забрана за нивно издавање. Но, со таквата одлука не се согласило Јавното обивнителство, па поднело жалба која утре ќе ја разгледува штипскиот апелационен суд.

Обвинителството не се противело за укинување на притворот, единствено за поранешната директорка на Државниот пазарен инпсекторат, Анета Симеска Димоска па таа од вчера е во домашен притвор.

За трагедијата во Кочани под истрага се вкупно 27 лица за кои обвинителството има основано сомневање за сторено кривично дело, Тешки дела против општата сигурност. Откако за сите беше одреден притвор, жалба за укинување и замена со поблаги мерки за обезбебедување поднеле 22 лица. Судот, таквите барања ги отфрлил за 19 лица па сите остануваат во истражните затвори во Скопје и Куманово.

Со истрагата се опфатени и седум полициски службеници од Штип и Кочани кои според обвинителството одобриле лиценска за кабаре иако, објектот не ги исполнувал условите.

ИЗДВОЕНИ