Ниту во сезоната 2027/28 македонскиот ракометот нема да има сигурно место во Лигата на шампионите. Но, има напредок од една позиција на сметка на Словенија и „тропаме на вратата“ на топ десет. Норвежаните го држат последното место кое ветува сигурно место, а пред нив се Хрватска и Романија. Во последните години Еурофарм Пелистер и сега Вардар добиваа „вајлд-карти“ и така повторно имавме претставник во Лигата на шампионите.
Позитивна вест е Европската лига, каде од следната сезона Македонија ќе имаме два претставници. Во ова натпреварување сме на десетта позиција според ранкингот и наместо еден, во сезоната 2027/28 ќе има два клуба во групната фаза на ова натпреварување.
Што се однесува до Европскиот куп, таму повторно Македонија остана со две загарантирани позиции со можност за добивање на „вајлд-карта“ поради претходните успеси.












