четврток, јули 23, 2026
Дома СКОПСКА Апокалиптични сцени по невремето во Скопје/ФОТО/ВИДЕО

Апокалиптични сцени по невремето во Скопје/ФОТО/ВИДЕО

1539

Невремето што го зафати Скопје попладнево, зад себе остави тотален хаос. Откорнати кровови, паднати дрва, урнати сообраќајни знаци е сликата во повеќе делови на градот, откако сѐ спласна.

Сериозна е состојбата во Карпош, каде освен откорнати дрва и кров, се запалил и автомобил. Кровови „летале“ и во Влае и Аеродром, како и во Капиштец.

Оштетени се повеќе возила. Врз некои од нив паднале дрва, а врз други се урнал дел од лимен кров.

ИЗДВОЕНИ