петок, октомври 2, 2026
Дома СКОПСКА Бесплатни јавен превоз и влез во Зоолошката за „Бела ноќ“ за „Бела...

Бесплатни јавен превоз и влез во Зоолошката за „Бела ноќ“ за „Бела ноќ“

55

По повод одржувањето на културната манифестација „Бела ноќ 2026“, која ќе се одржи утре, ЈСП „Скопје“ ги известува граѓаните дека ќе обезбеди бесплатен јавен превоз.

Предвидено е манифестацијата да почне утре, во 18:00 часот, а да заврши в недела, во 3:00 часот.

– Бесплатниот превоз се обезбедува со цел да се овозможи непречено присуство на граѓаните на манифестацијата и нивно навремено враќање по завршувањето на програмата – соопштија од ЈСП.

Од претпријатието ги повикуваат граѓаните да го користат јавниот превоз за пристигнување и за враќање од настанот.

Во рамките на манифестацијата „Бела ноќ“, утре и влезот во скопската Зоолошка градина ќе биде бесплатен за сите посетители.

– Ве очекуваме од 9:00 до 17:00 часот, да уживаме заедно во еден поинаков ден во Зоолошката градина Скопје – велат од управата на оваа институција.

 

ИЗДВОЕНИ