Лаиа, која е родум од Барселона и моментално живее во Смедеревска Паланка со својот партнер, на социјалните мрежи откри дека е изненадена од опуштената природа на луѓето во Србија кои лесно можат да го кажат ПИН-от на картичката на јавни места. Таа објасни дека тоа е невообичаено за неа, особено во споредба со многу строгите правила во Шпанија.
„Отидов во продавница во Паланка и таму имаше многу луѓе, на касата имаше долга редица, а еден човек ѝ ја даваше картичката на продавачката и и го кажуваше ПИН-от толку гласно што цела продавница можеше да чуе. Ги набљудував сите присутни и никој не реагираше, тоа беше сосема нормално за нив“, рече таа.
„Кога бев во ресторан, се случи истото. Луѓето ми го кажаа својот ПИН кога платија, а јас се срамев. Не сакам да го слушнам вашиот ПИН, не ми кажувајте, не ми треба, “ додаде збунета Лаиа.
Таа објасни дека овој обичај во Србија најмногу ја фасцинирал. „Каде дојдов да живеам? се запраша таа. „Размислував, како може некој да тврди дека Србија не е безбедна земја кога луѓето го кажуваат својот ПИН во продавниците? Знам како луѓето во Барселона вадат пари од банкомати – тие секогаш ја ставаат раката за никој да не ги види. Мислам дека никогаш нема да се навикнам на ова“, заклучи таа на крајот.
Многумина во коментарите под видеото се пошегуваа за разликите во животниот стандард меѓу Шпанија и Србија. Напишаа дека Шпанците обично имаат големи суми на картичките, додека во Србија нема што да се земе од картичките.