Невена Нена Буча:На потпетици не се снаоѓам, но затоа во „Rish-shoes“, како „Фрајла“, ќе танцувам на концертите во Македонија

358

Популарната Невена Нена Буча им ја открива тајната на читателите на весникот ВЕЧЕР за своите најсакани сценски обувки! Преубаво ѝ стојат на естрадната ѕвезда од овие балкански простори, а тоа е Невена Нена Буча, многу омилената и актуелна членка на популарниот новосадски женски бенд „Фрајле“. Состав кој има армија свои обожаватели во Македонија и кои на своите настапи со голема љубов ги пејат и песните од репертоарот на Тоше Проески. Нивна најомилена е „Во коси да ти спијам“

За овие обувки велат дека сега се хит меѓу естрадните ѕвезди, како кај домашните така и кај странските. Но, од некои несфатливи причини, барајќи ги кај некоја наша музичка ѕвезда, не можевме да ги најдеме. Меѓутоа, ги најдовме онаму каде што најмалку се надевавме. А, и преубаво стојат многу модерните и атрактивни обувки, нагалено наречени „ристиќ“ или како што им е официјално името – „Rish shoes“.        За цената јавно не се зборува, тоа е работа на договор меѓу купувачот и производителот, бидејќи се изработуваат само по нарачка.

Преубаво ѝ стојат на естрадната ѕвезда од овие балкански простори, а тоа е Невена Нена Буча, многу омилената и актуелна членка на популарниот новосадски женски бенд „Фрајле“. Состав кој има армија свои обожаватели во Македонија и кои на своите настапи со голема љубов ги пејат и песните од репертоарот на Тоше Проески.        Нивна најомилена е „Во коси да ти спијам“.

Нена е тотално побудалена по овие обувки, во кои наскоро треба да ја видиме (се разбира, со другите членки на „Фрајле“) и на настапите во Македонија. Еве што вели самата Нена за овие многу необични обувки:

– Изработката е рачна, во семејството Ристиќ, во Топола, Србија. Тоа им е традиција уште од 1952 година. Обувките се работат од внимателно избрани материјали, со модерен дизајн. Пред 11 години, барав обувки што ќе ми бидат удобни, а воедно уникатни, во кои ќе можам да се движам и на сцената и во секојдневието. Изработени се според моето стапало за да можам лесно да се движам, да танцувам и воопшто, да функционирам. И ете, среќна, задоволна, сето тоа го пронајдов во овие обувки „риш“ или „ристиќ“. Сега се непогрешливо составен дел од мојот специфичен имиџ, во секоја придода и со секоја комбинација. Имам и такви што се со портокалов дизајн – за летните денови, одат и со вечерен костум, но и како чизми за во зима.

На нашето прашање кога премиерно ќе ја видиме со овие уникатно-црни обувки ишарани со бели точки кај нас, во Скопје, таа вели:

– Се надевам наскоро, до крајот на зимата или во првите и сè уште студени денови напролет. Едвај чекам таков некој настап кај вас, во Македонија. Да танцувам во тие обувки. Можам и оро да играм во нив. Впрочем, жива вистина е дека не се снаоѓам на потпетици, но затоа, со големо задоволство, како „фрајла“, речиси секогаш сум во овие чевли.

Дуле Миќиќ