Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Љупчо Бубо Каров, познати како триото „К-15“, одбележаа 30 години.
Тие се собраа во кафеана и преку видео, се обратија на јавноста и можеби најавија некакво враќање…
– Добро, нешто ќе правиме сигурно. Дали ќе биде документарен филм, дали ќе биде во живо, дали ќе биде во живо емисија… ќе ви јавиме со десертот. А, вие, ако сакате да честитате роденден, направете го тоа во коментарите – рече Бранко во видеото.
Првата епизода на „К-15“ беше емитувана на 23 ноември 1994 година, а хумористично-сатирични скечови на трите лика Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки се уште се многу гледани.



![[Интервју] Синоличка Трпкова: Светот бара автентични приказни, да создаваме уметност без желба да се допаѓаме](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2026/07/sinolicka-za-sajt-450x300.jpg)








