Македонците масовно ќе ја поминат најлудата ноќ на Црногорското Приморје, со: Здравко Чолиќ, Марија Шерифовиќ, Саша Ковачевиќ, Јелена Розга…  

4869

Ништо не е случајно, додека нашите пејачи сè уште не знаат каде ќе пеат за Нова година… Најголем број од нашите музички ѕвезди и понатаму навистина немаат поим каде ќе пеат (и заработуваат) за Нова година и новогодишните празници. Исклучок се неколкумина како, на пример, музичко-брачната двојка Горан и Ленче Кукиќ, фолк-пејачот Јордан Митев, кои ни потврдија дека ќе пеат во Охрид.  Другите тактизираат и калкулираат. Веројатно, прават пресметки, делат и множат…

Најлудата ноќ е тука, пред нас. Градот Скопје, како главен град на Македонија и како епицентар на настаните за забава, полека, но сигурно почнува да навлегува во лудата новогодишна атмосфера. Но, сепак, сè уште никој не знае, рано им е, каква забава се подготвува на Градскиот плоштад, дали скопјани и туристите ќе бидат забавувани од некое звучно музичко име од поранешните југословенски републики (како минатите години: Дино Мерлин, Оливер Драгојевиќ, Горан Бреговиќ…) или ќе се веселат само со некој од нашите пејачи?                                                                                          Деновиве, зад кулоарите се шушкаше за скопски настап на една од мегапопуларните естрадни личности, за Здравко Чолиќ. Но, тоа остана само во доменот на шпекулациите. Здравко ги договара своите новогодишни настапи среде лето, како и популарните  Северина, Цеца Ражнатовиќ, Јелена Розга, Марија Шерифовиќ, Лепа Брена, Јелена Карлеуша… Па така, летово,  кога едвај дишевме поради горештините, овие пејачи се договорија за новогодишните настапи, со потпис. Но, не во нашето Скопје, ниту во Македонија. И тоа не за ситни парички, туку за цело едно мало богатство. Секој од нив ќе пее, тука некаде, за околу 100 илјади евра!

Најголем број од нашите музички ѕвезди и понатаму навистина немаат поим каде ќе пеат (и заработуваат) за Нова година и новогодишните празници, со исклучок на неколкумина како, на пример, музичко-брачната двојка Горан и Ленче Кукиќ, фолк-пејачот Јордан Митев, кои ни потврдија дека ќе пеат во Охрид, во „Инекс Олгица“, па затоа овие другите неодлучните, трпеливо чекаат „чудата да се случат“. Тактизираат и калкулираат. Веројатно, прават пресметки, делат и множат, да видат каде ќе им биде најисплатливо.

Додека чекаме да ни ги откријат „големите деловни тајни“ за новогодишните настапи, а ништо чудно да чекаме дури и до втората половина на декември, српско-хрватските ѕвезди веќе ја осмислуваат својата свечена вечерна гардероба во која ќе бидат пред десетина илјади луѓе на плоштадите во Тиват и во Будва на Црногорското Приморје.  Како што велат од некои македонски туристички агенции, а и од скопската „Orfej Travel„ (која, очигледно, има најповолен аранжман за три ноќи, сосе превозот за 120 евра, за рана уплата), интересот кај македонските граѓани за новогодишните настапи на Здравко Чолиќ, Марија Шерифовиќ, Саша Ковачевиќ, Жељко Јоксимовиќ и на Јелена Розга е голем. Благо кажано, најлудата ноќ им оди како алва! Сè на сè, според кажаното, Македонците масовно ќе ја пречекаат најлудата ноќ пеејќи ги своите омилени хитови, на Црногорското Приморје: „Живиш у облацима, мала“, „Пусти, пусти моду“, „Мрш“, „Ти си ми у крви“, „Молитва“, „Нирвана“, „Живим да те волим“, „Размажена“, „Долази љубав“, „Случајно“…                                                                 И, секако дека, по сè, ништо не е случајно. Чекајќи на нашите, нашите жители масовно се одлучија за сигурен пречек на Новата година, при што ќе бидат во друштво на своите омилени музички ѕвезди.   Д.М.