Во Македонската филхармонија вечерва концерт одржува нашиот виртуоз на гитара, пејач, композитор и текстописец, Влатко Стефановски.

Со неговото „Трио“ и придружните вокали, како и со гости-музичари од земјава и од регионот, Стефановски прави ретроспектива низ неговата петдецениска успешна музичка кариера.

Тоа е и поводот за настап пред домашната публика.














