НАТО не е вклучен во конфликтите на Блискиот Исток и нема да биде, изјави генералниот секретар на алијансата, Марк Руте.
Руте ја пофали воената акција на САД и Израел против Иран, велејќи дека тоа ја намалува способноста на Техеран да се здобие со нуклеарно оружје и балистички ракети.
Тој за германскиот радиодифузер АРД во Брисел изјави дека нема планови НАТО да се вклучи во овој конфликт или да биде дел од него, освен што поедини сојузници им помагаат на САД и Израел.












