Четириесет и едногодишен жител на ресенското село Курбиново бил нападнат од мечка додека собирал печурки во близина на селото.
Од Секторот за внатрешни работи – Битола информираат дека случајот бил пријавен вчера, во 19:50 часот.
Од полицијата посочуваат дека Н. И. (41) од Курбиново, додека се движел низ шумски предел и собирал печурки, бил нападнат од мечка.
По нападот, повредениот веднаш бил пренесен во Битола, каде што му била укажана лекарска помош во Клиничката болница.
Од СВР Битола не соопштуваат детали за тежината на повредите, ниту за околностите под кои дошло до нападот. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.












