Македонските ТВ-водителки и ѕвезди од телевизија „Сител“ (едната на квизот „Сè или нешто“, другата на утринската „Ја сакам Македонија“), Лила Филиповска и Јована Стојменовиќ, ги минуваат жешките денови на морскиот брег во Грција. Ним ништо не може да им го расипе расположението. Ниту чекањето на граница ниту неподносливата жештина. Љубовта кон морето и морските возбуди си го прави своето, а и нивното нераскинливо, долгогодишно, искрено женско пријателство. И како што е ред, во овој дел од годината, кога е долго топло лето, ТВ-водителките „бомбардираат“, само за машките очи, со прекрасните костими за капење со дезен на леопард. Не какви било и не секојдневни, туку ексклузивни, еротски. Тамам!

Се разбира, не запираат комплиментите од страна на посилниот пол. Интернетот гори: „Како можам јас да бидам меѓу вас две?“, „Дозволете, драги дами, да ви ги наместам шапките“, „Зошто гледате таму некаде, гледајте во мене, бидејќи јас полудев гледајќи во вас“, „Што треба да направам да ви правам друштво на плажа?“, „Стасаа женски леопарди на грчкото море во вид на згодни Македонки“…..се само мал дел од илјадниците машки коментари.

И навистина е така. Без разлика на тоа што со дезенот на леопард потсетуваат на диво животно, Јована и Лила се многу питоми, никого не задеваат, уживаат во летните убавини, ги  полнат батериите за претстојната скопска зима и си прават друштво една на друга. И имаат еден мал милион теми за муабет.

Но, нема да згрешиме ако кажеме дека, секако, им недостигаат мажите на ова морско дружење. Ние знаеме кои се тие, но поради доброто домашно воспитание, нема да ви ги откриеме. Тие и онака останаа зад фотоапаратот. А, и што ќе ви се мажи за гледање?! Гледајте слободно во сексапилните Лила и Јована. Има што да видите. За чиста десетка!

(Д. М.) фото: ФБ-Инстаграм

 

 

ИЗДВОЕНИ