вторник, јули 21, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Уапсена директорката на „Комуналец“ во Гостивар, приведени уште двајца нејзини соработници

Уапсена директорката на „Комуналец“ во Гостивар, приведени уште двајца нејзини соработници

431
screenshot video

Полицијата ја уапси директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, Артана Асани. Според информациите објавени од Алсат, покрај неа се приведени и техничкиот директор Леон Нуредини, како и раководителот на водоводот Вадедин Дервиши.

Се очекува тројцата да бидат изведени пред јавен обвинител, по што судија на претходна постапка ќе одлучува за евентуалните мерки што ќе им бидат изречени.

Апсењата следуваат откако претходно градоначалникот на Гостивар ја суспендираше Асани од директорската функција. И покрај тоа, тој изјави дека не чувствува лична одговорност за состојбата.

По избувнувањето на епидемијата во Гостивар, Асани тврдеше дека зголемениот број заболени не е последица на загадената вода за пиење. Таа ги негираше наодите на надлежните институции, кои ја забранија употребата на водата поради сомневање дека е загадена и дека претставува можен извор на епидемијата.

Во своите јавни настапи, Асани посочуваше дека „меѓу заболените има и лица кои пиеле само флаширана вода“, оценувајќи дека причините за повеќе од 1.200 случаи на заболувања можеби треба да се бараат во храната што ја консумирале граѓаните или во високите летни температури.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи беа објавени бројни фотографии и видеа на кои се гледа кафеаво обоена вода што тече од водоводната мрежа во Гостивар.

ИЗДВОЕНИ