Летото е во полн ек, па ништо необично што се медиумите во знакот на фотографиите и на настаните со кои информираат познатите за тоа како изгледаат на плажите и на кои места летуваат. Па така, и популарната турска актерка Небахат Чехре, која македонската публика одлично ја памети по впечатливата улога на мајка Султанија во мегапопуларната ТВ-серија „Сулејман Величествениот“, се најде во центарот на медиумското внимание.
Ви се верува или не, Небахат има 82 години. Вистина е дека има толку. Популарната мајка Султанија привлекува огромно внимание со својот младешки изглед. Таа ги израдува своите обожаватели во светот со фотографија од летниот одмор. Позира во едноделен секси костим за капење, со што предизвика лавина од позитивни коментари.
Одговорот на 82-годишната баба Небахат е навистина оригинален: „Бидете малку себични, грижете се за себе. Другото природно ќе расцути“.
(Д. М.)












