понеделник, јули 20, 2026
Дома СВЕТ Жена предизвика фатална несреќа во Германија: Возела во спротивен правец на автопат...

Жена предизвика фатална несреќа во Германија: Возела во спротивен правец на автопат – двајца мртви, три деца во критична состојба

116

Две лица загинаа, а три деца се тешко повредени во сообраќајна несреќа предизвикана од возење во погрешна насока на автопатот А45 во Хесен, објавија денес германските медиуми.

Автомобилот управуван во погрешна насока од 34-годишна жена се судрил челно со возило управувано од 70-годишен маж во близина на Флорштат, соопшти Централната полициска управа на Хесен, според весникот „Билд“.

„Според првичните сознанија, жената влегла на автопатот А45 на раскрсницата Флорштат (Хесен) околу 1:52 часот наутро во недела, возејќи во погрешна насока. Неколку минути подоцна, нејзиниот автомобил се судрил со голема брзина со автомобилот на пензионер кој возел во правилната лента кон Ханау“, соопшти локалната полиција утрово.

ИЗДВОЕНИ