понеделник, јули 20, 2026
Дома СКОПСКА Почна изградбата на препумпен уред за фекална канализација во Кадино

Почна изградбата на препумпен уред за фекална канализација во Кадино

66

Општина Илинден продолжува со инвестициите за развој на комуналната инфраструктура, во чии рамки се почнати активности за изградба на препумпен уред за фекална канализација во населеното место Кадино.

Од Општината велат дека станува збор за проект што е дел од пошироката изградба на фекалната канализациска мрежа во Кадино, при што препумпниот уред ќе биде поврзан со веќе реализираниот крак К4, долг околу 2.500 метри, на кој се изградени 50 шахти и со кој се овозможува приклучување на приближно 100 домаќинства.

– Со овој препумпен уред ќе се опфати канализациската мрежа од улиците „1“, „2“ и „3“, при што отпадните води, преку веќе поставениот потисен цевковод, ќе се транспортираат до постојната пречистителна станица во Кадино, каде што ќе се врши нивни третман и прочистување – објаснуваат од локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека вложувањето во канализациската инфраструктура има клучно значење за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, како и за зачувување на животната средина преку современо управување со отпадните води.

ИЗДВОЕНИ