Oд утре, стартува првата линија на градскиот воз. Станува збор за железничката врска помеѓу Зелениково и Скопje, која повторно ќе биде достапна. Возот од Зелениково ќе застанува на станиците Зелениково Ново, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче, додека последната станица ќе биде Железничката станица во Скопje. Првото поаѓање од Зелениково ќе биде во 6:20 часот, по што возовите ќе тргнат во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот.
Во спротивна насока, од Железничката станица во Скопjе, првиот воз ќе тргне во 5:32 часот. Другите поаѓања се во 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот
Од утре, стартува првата линија на градскиот воз. Станува збор за железничката врска помеѓу Зелениково и Скопje, која повторно ќе биде достапна, при што градскиот воз ќе сообраќа осум пати дневно во двата правци.
Возот од Зелениково ќе застанува на станиците Зелениково Ново, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче, додека последната станица ќе биде Железничката станица во Скопje.
Првото поаѓање од Зелениково ќе биде во 6:20 часот, по што возовите ќе тргнат во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот.
Во спротивна насока, од Железничката станица во Скопjе, првиот воз ќе тргне во 5:32 часот. Другите поаѓања се во 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот.
Патувањето од Зелениково до Скопје ќе трае помеѓу 24 и 28 минути, во зависност од поаѓањето, додека во спротивната насока времетраењето ќе биде од 24 до 26 минути.
Распоредот на возовите ќе важи од 1 септември до 31 декември 2026 година.
Реставрацијата на линијата е особено важна за жителите на Зелениково, Орешани, Драчево, Лисиче и околните населени места кои секојдневно патуваат до Скопје.
Сепак, практичноста на линијата ќе зависи и од тоа колку добро поаѓањата се усогласени со распоредот на работа, училиште и други распореди на јавен превоз во главниот град.
Со пуштањето на оваа железничка врска во должина од 24, 5 километри во која се инвестира 5,7 милиони евра се реализира првата фаза од најавениот проект „Градски воз“.
Возобновувањето на оваа железничка врска доаѓа во време кога патничкиот железнички транспорт во земјата е значително намален.
Моментално, на македонските железници сообраќаат десет пара патнички возови – три од Скопско до Битолско и Велес и по два до Куманово и Гевгелија.
Некои од претходните линии се отстранети или привремено суспендирани. Два воза од Скопјe до Велес и еден до Битола беа отстранети поради реконструкцијата на сегментот Скопјe – Зелениково, додека меѓународните возови до Грција, Србија и Косово во моментов не се достапни.
Возовите од Скопjе до Кичево и Кочани не сообраќаат од мај 2021 година.
Освен оваа, градскиот воз ќе има уште две линии. Едната е од Нова железничка станица, преку Бутел – Скопје-Север, до Ѓорче Петров и втората од Нова железничка, преку Автокоманда – Маџари, што завршува во Илинден.
Според вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, тие треба да бидат завршени на крајот од 2027 и почетокот на 2028 година.
По македонските пруги моментално сообраќаат десет пара патнички возови – по три од Скопје кон Битола и Велес и по два кон Куманово и Гевгелија.
Дел од претходните линии се укинати или привремено суспендирани. Два воза од Скопје кон Велес и еден кон Битола беа укинати поради реконструкцијата на делницата Скопје – Зелениково, а меѓународни возови кон Грција, Србија и Косово во моментов нема.
Возовите од Скопје кон Кичево и Кочани не сообраќаат од мај 2021 година.
Намалениот број линии особено ги погодува патниците од места каде железницата долго време била една од ретките достапни и поевтини опции за патување до работа, училиште, факултет или лекар.
(А. П.)












