понеделник, август 31, 2026
Дома СКОПСКА Наместо 20, Градот ќе одвои 45 милиони денари за реконструкција на жичницата

Наместо 20, Градот ќе одвои 45 милиони денари за реконструкција на жичницата

1

Наместо предвидените  660.000.000 денари, Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ од Град Скопје треба да добие 680.000.000 денари наменети за надминување на тешкотиите во работењето на, додека наместо 20.000.000 денари за реконструкција на  жичницата на Средно Водно, се предвидуваат плус 25.000.000 денари, што значи вкупно 45.000.000 денари.

– Имајќи ја предвид значајната транспортна и инфраструктурна улога на жичарницата „Милениумски крст“ на Водно, се наметна потребата од обезбедување дополнителни финансиски средства за реализација на предвидените активности – се наведува во образложението на одлуката за изменување на Одлуката за давање на субвенции на ЈСП, за која зелено светло треба да дадат градските советници на  седницата што ќе се одржи денеска.  

Според градските власти, дополнителното финансиско обезбедување е насочено кон создавање услови за соодветна реализација на активностите за реконструкција, унапредување на техничката и функционалната состојба на жичарницата, како и зголемување на нивото на безбедност и сигурност при нејзиното користење.

– Со реализацијата на овие активности се очекува да се придонесе кон финансиска стабилизација и непречено функционирање на јавното претпријатие, како и подобрување на квалитетот на услугата, зголемување на сигурноста на превозот и унапредување на транспортната поврзаност, што е од особено значење за граѓаните и за посетителите на градот – објаснуваат од Град Скопје.

(А. П.)

 

ИЗДВОЕНИ